Мицкоски со најнова информација за зголемување на минималната плата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на новинарско прашање околу протестот на Сојузот на синдикати, истакна дека секој има право да си протестира.

„Минималната плата согласно закон ќе биде зголемена во месец март, односно со платите во април за март, ние рековме секое решение кое што ќе го постигнат во тие бипартитен дијалог ќе го поддржиме“, вели Мицкоски.

Неодамна, Министерот за економија Бесар Дурмиши потврди дека минималната плата во март, со редовното усогласување, ќе се зголеми за 1500 до 2000 денари.

Оваа година ќе има раст и на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува. 

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска неодамна рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за илјада денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали зголемувањето ќе биде линеарно. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде