Зад себе има завидна музичка кариера долга повеќе од четири децении.
Хрватскиот музичар Далибор Брун почина на 77-годишна возраст.
Оваа тажна вест ја објави Jutarnji list .
Зад себе има завидна музичка кариера долга повеќе од четири децении. Снимил над 50 плочи, настапувал на сите важни фестивали и имал своја ТВ емисија. Неговиот последен студиски албум „Нема завала“ беше издаден за Croatia Records во 2004 година.
Еден од најпопуларните поп-пејачи од 70-тите и 80-тите години беше Далибор Брун. Својата дискографска приказна ја започна во 1973 година, кога го издаде ЛП-то „Вољеној“ за тогашен „Југотон“, а во 70-тите години издаде уште неколку успешни албуми за истата издавачка куќа.

