ТАЖНА ВЕСТ вечерва ја потресе Македонија: Почина познатиот писател

Поетот, писател, преведувач, професор и културен дејец Тихомир Јанчовски почина денеска во Скопје, на 58-годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја соопштија семејството и Друштвото на писателите на Македонија, кои изразија длабока тага за прераното заминување на еден од најавтентичните современи македонски автори.

Јанчовски зад себе остави исклучително богато и разнолико творештво. Автор е на повеќе од триесет книги  поезија, поетски романи, преводи, како и значајното историографско дело „Историја на православното монаштво на територијата на денешна Република Македонија“, објавено во 2010 година.

Само неколку дена пред неговата смрт, на 23 јануари, на својот профил на социјалните мрежи информираше дека е објавена книгата „60 икони на Мајката Божја“ од Аријан де Сен-Марк, во која тој се јавува како уредник и преведувач, најавувајќи и претстојна промоција.

Тихомир Јанчовски е роден во Скопје во 1967 година. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1991 година. Специјализирал средновековни студии на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, а магистрирал современа историја на УКИМ во 2010 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде