Во нашите краишта, Свети Атанасиј се смета за заштитник од непогоди и олуји.
За него останала легендата дека ѓаволот го искушувал овој монах со најубавата девојка која го предизвикуѕвала да се откаже од Бога и да и се придружи во обожавање на нечистиот.
Свети Атанасиј ја предвидел оваа измама, па ја замолил девојката да му ја покаже ѓаволската моќ така што ќе скокне во ќупот, а таа тоа го сторила, по што монахот веднаш го поклопил и го фрлил во морето. Ќупот со години пловел, се додека не го пронашле рибари кои го отвориле. Така ѓаволот повторно излегол и денес лута во светот да ги искушува и расипува луѓето.
Поради ова, старите велат дека кога грми, ѓаволот помислува дека доаѓа Свети Атанасиј, се плаши и веднаш влегува во ќуп. Затоа е важно на денешен ден сите садови да се чуваат поклопени.

