Поетот, преведувач, професор и културен дејец Тихомир Јанчовски кој почина вчера во Скопје, на 58-годишна возраст, ќе биде испратен кон веченото почивалиште денеска.
Како што соопшти неговото семејство, последниот поздрав ќе биде денеска од 13:00 до 14:00 во капелата на градските гробишта Бутел во Скопје.
Многу негови пријатели, колеги, почитувачи и следбеници во шок и неверување ја примија веста за неговата прерана смрт.
Во објавите на социјалните мрежи се простуваат од Тихо, за кого велат дека бил исклучителен човек и неверојатно талентиран за пишаниот збор.

