Четири банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите. Нивните фејсбук статуси ви ги пренесуваме во целост.
Фејсбук статус на НЛБ Банка
Почитувани пензионери,
Ве известуваме дека вашите пензии се исплатени и вашите средства можете да ги користите уште веднаш.
Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.
Со почит,
Ваша НЛБ Банка
ФБ статус на Силк Роуд Банка:
Драги наши пензионери,
Вашите пензии за месец јануари ќе бидат исплатени утре (30.01.2026) и достапни за подигнување во сите наши експозитури, на банкомати, преку електронско и мобилно банкарство, или пак да ги користите за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.
Фејсбук статус на Комерцијална Банка
Започнуваме со исплата на пензиите од петок, 30 јануари. 📅
Ако користите дебитна картичка, со вашата пензија ќе може да располагате истиот ден. ✅
Користете ја безбедно и удобно – плаќајте безготовински во продавница или онлајн или, пак, подигнете пари од банкомат. 💳
Ако повеќе сакате да ја подигнете пензијата во филијала или експозитура, ќе може да го направите тоа од 30 јануари и во секој работен ден после тоа. 🏦
Фејсбук статус на Халк банка
Драги пензионери,
Пензиите за јануари се веќе достапни!
Од денес (29.1.2026), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство.

