НАЈНОВА ВЕСТ: Трупа снег во делови од Македонија – воведена забрана на овој патен правец

Поради врнежи од снег со променлив интензитет на планинските превои и делници во западниот дел од земјата, е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила (камиони) на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопштија Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) и ЈП „Македонија пат“.

Причината за мерката е кашест снег на коловозот, што го отежнува нормалното движење на тешките возила и го зголемува ризикот од незгоди и клизгање на површината на патот.

Сообраќајот за останатите возила се одвива, но по влажни коловози и со присутни остатоци од снег, особено на повисоките делови од патната мрежа.

Освен на правецот Маврово – Дебар, врнежи од снег со повремено поголем интензитет се забележани и на:
Крушево
Попова Шапка
Маврово
Планинските превои Стража, Ѓавато и Пресека.

На некои од овие превои и делници исто така е воведена забрана за движење на тешки товарни возила, со цел да се намали можноста за незгоди поради лизгави или кашести коловози и појава на снег на коловозот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде