Возило излета од патот, едно лице тешко повредено, две лица избегале од местото на несреќата

На 31.01.2026 во 14:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на регионалниот пат Р 2431 од планината Плачковица кон Радовиш, запрежно возило натоварено со бесправно исечени огревни дрва, излетало надвор од патот.

При тоа, со тешки телесни повреди се здобил Џ.Б.(23) од Радовиш, а повредите биле констатирани во Медицински центар Штип.

Увид на местото е извршен од екипа на ОВР Радовиш.

А.Б. (45) и К.Б., кои исто така се превезувале на запрежното возило, со возилото го напуштиле местото на настанот, но по преземени мерки од страна на полициски службеници, возилото и дрвата се пронајдени и предадени на Шумска полиција Радовиш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде