Тешка несреќа вечерва – сообраќајот на овој патен правец е во прекин

Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани–Штип, во близина на селото Тркање, во која, според првичните информации, учествувале три возила.

Од СВР Штип информираат дека има повредени лица, но засега нема официјални детали за тежината на нивните повреди.

На местото на настанот е во тек увид од страна на истражните органи, поради што експресниот пат е целосно затворен за сообраќај.

Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Кочани–Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде