На средба со фармерите министерот за земјоделство ветил исплатата на субвенции за сите гранки
На средбата што сточари од Пелагонија ја остварија со министерот Цветан Трипуновски им било кажано дека субвенциите ќе почнат да се исплаќаат за околу две недели и дека првите што ќе бидат исплатени ќе бидат лозарите пред празникот Свети Трифун, изјави за „Независен“, Тони Петковски-Паша, сточар од Велушина, претседател на здружението „Пелагонско поле“ .
Петковски вели дека исплатата на субвенциите треба да почне по изгласувањето на програмите на МЗШВ од страна на Владата за тековната 2026 година. Односно тоа ќе се случи пред 15 февруари, а први за исплата ќе бидат лозарите.
„Имавме конструктивна средба со министерот Цветан Трипуновски, при што на прашањето кога ќе ги добиме заостанатите субвенции по сите основи и гранки не само за сточарите, ни беше ветено дека средствата ќе почнат да се исплаќаат по 10 февруари откако ќе се донесат програмите на МЗШВ во Владата.
Лозарите први ќе добијат субвенции, по нив ќе земат и сточарите, тутунарите, градинарите, оризарите, и се што е заостанато“, изјави Петковски.

