Голема полициска акција – се прават претреси на повеќе локации

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во координирана акција со полицијата синоќа извршиле претреси на повеќе локации во Скопје и во Струмица во врска со опојна дрога.

Според информациите, вклучени биле повеќе институции, а акцијата била насочена кон мрежата на т.н. „легални“ производители на канабис. Но, сепак детали најавија во текот на денешниот ден.

Српската полиција минатата недела заплени пет тони марихуана во близина на Крушевац, а дрогата била транспортирана од Македонија.

Од Јавното обвинителство за организиран криминал на Србија соопштија дека уапсените се членови на организирана криминална група. Македонското јавно обвинителство оформи предмет за овој случај.

Од МВР соопштија дека се преземаат соодветни оперативно-технички мерки и активности согласно со полициските овластувања.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде