Денеска во охридското село Велгошти се случи разорна експлозија во куќа, информираа од ТППЕ Охрид.
Според нив, експлозијата била предизвикана од зголемена концентрација на плин.
„Експлозијата е резултат на висока концентрација на гасови (плин) и други фактори кои придонеле за екстремно ниво на експлозивност.
Благодарение на брзата реакција на пожарникарите, е спречено опожарување на објектот. Повредена е една жена која е преземена од екипите на Брза помош“, соопштија од ТППЕ Охрид.

