Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека денеска, 6 февруари 2026 година,
официјално започна исплатата на паричните надоместоци за социјална, детска и цивилна заштита за месец јануари.
Граѓаните кои веќе поседуваат дебитни картички ќе можат веднаш да ги користат своите средства:
дали за подигање готовина на банкоматите, за плаќање во продажните објекти или преку електронско и мобилно банкарство.

