Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините на северозапад врнежи од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има повремени врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

