Тешка сообраќајка: Возило излета од патот – има повредени

Фото: Илустрација

Возач и 73-годишна жена од Скопје се повредени откако со возило излетале кај Дебар.

– На 07.02.2026 во 09:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на село Скудриње,

патничко возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.М. од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата, возачот се здобил со телесни повреди, а со тешки телесни повреди се здобила 73-годишната сопатничка Ј.М. од Скопје, констатирани во Ургентен центар во Охрид, информираа од МВР во дневниот билтен. 

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде