НАЈНОВА ВЕСТ: Земјотрес стресе делови од Македонија

Вчера вечер околу 23:09 часот телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, поддржана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,

регистрира земјотрес со локална магнитуда ML3.0 (околу 3 степени според Рихтер).

Епицентарот на потресот бил на територијата на Република Косово, приближно 46 км северозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Тетово и во околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи лесно тресење кое повеќето луѓе можеле да го приметат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде