Страотни сцени: Филмски грабеж на автопат – разбојници разнесоа транспортно возило за пари

Драматичен вооружен грабеж, опишан како сцена од акционен филм, се случи денеска на југот на Италија, кога група разбојници нападна оклопно возило за транспорт на пари на автопатот меѓу Бриндизи и Лече, објавија повеќе италијански медиуми.

Според информациите, напаѓачите со неколку украдени автомобили го блокирале сообраќајот на автопатот, по што возилата биле запалени за да се спречи интервенција и бегство. Потоа, со употреба на експлозив, разбојниците ги разнеле задните врати на оклопното возило и се обиделе да пристапат до касата со пари.

Очевидци пријавиле дека напаѓачите биле тешко вооружени, меѓу другото и со автоматско оружје, а дел од автопатот бил целосно парализиран за време на нападот. Засега нема официјални информации за повредени лица, но полицијата потврди дека станува збор за високо организирана и координирана акција.

По грабежот, сторителите успеале да избегаат, а италијанските безбедносни служби започнаа голема потрага и истрага за идентификација на учесниците и утврдување на точната сума што била украдена.

Автопатот беше привремено затворен за сообраќај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде