Тешка сообраќајна несреќа, две деца пренесени во болница

Двајца 14-годишници од кичевското подрачје се здобија со повреди откако вчера попладне излетаа со четирицикл на локалниот пат меѓу селата Зајас и Теќе маало.

Инцидентот се случил околу 16:30 часот, кога возачот од с. Горно Строгомиште, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Повредените тинејџери, возачот и неговиот сопатник од с. Зајас, биле пренесени за преглед и укажување на медицинска помош во Медицинскиот центар Кичево,

а потоа дополнително хоспитализирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде