Тешка сообраќајна несреќа и пожар синоќа го блокираа автопатот на влезот во Скопје.
Се запалија камион и автомобил, кои целосно се изгорени.
Сообраќајот беше целосно запрен на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град, а и утринава се уште стојат изгорените возила.
Засега нема информација за состојбата на возачите.

