Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2026 за долгови доспеани до 31.10.2025 и неплатени до 31.01.2026 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.02/2026 објавени се 2004 должници – правни лица (помалку за 29 од претходната листа) и 4007 физички лица (повеќе за 123 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2026 изнесува 12.177.377.588 денари, (помалку за 234.991.716 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.965.187.947 денари, (помалку за 234.152.993 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 212.189.641 денари (помалку за 838,723 од претходната листа).
Листата можете да ја погледнете на следниот ЛИНК

