Македонија под снег – објавена најновата временска прогноза

До сабота наутро (06:00ч), според ECMWF HRES 0.1, се очекува изразена зимска ситуација со врнежи од снег и формирање снежна покривка во голем дел од Македонија.

Најголема снежна покривка се очекува во западните, северозападните и северните предели, како и на планините, но снег и снежна покривка се очекува и во повеќе градови и низински места.

Во градовите и низините најчесто се очекува снежна покривка од околу 5 до 15cm, а локално каде што врнежите ќе бидат поинтензивни можно е да се формира и до околу 20cm. Во повисоките населени места се очекува 15 до 30cm, додека на планините снежната покривка ќе биде значително поголема и ќе достигнува 30 до 60cm, а локално и над 70cm.

Дополнително, ќе дува умерен до засилен северен и североисточен ветер, кој локално може да создава наноси, како и намалена видливост, особено на отворени предели и планински превои. Поради ова, се препорачува внимателност во сообраќајот, особено во утринските часови.

За Скопје се очекува снег со реална можност за снежна покривка, најчесто од 5 до 15cm, а локално и до околу 20cm

📌 Следете нови ажурирања, бидејќи разликите по региони и градови ќе бидат големи! ❄️

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде