Важна информација за сите кои утрово патуваат – врнежи од снег на овие патни правци

Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде