Славчо Попоски повторно испрати порака до сите кои го критикуваат и му испраќаат навредливи коментари.
„Се смеевте години и се мајтапевте поединци ни едни ѓубриња не изживеани, каде сум јас сега фала му на Господ и на искрените пријатели за се!
И да, каде сте вие и што постигнавте со тоа што ми го правевте?!“, напиша Попоски на Фејсбук.
Претходно Попоски најави дека јавно ќе ги објавува т.н тастатурски јунаци.
„Почитувани ви најавувам да ни биде многу поинтересно, најпрвин одиме со видеа обраќања од моја страна каде јавно ќе ги објавувам тастатурските јунаци да види цела Македонија и регионот дека кај мене може сите БУДАЛИ да се најдат на едно место и дека болницата Бардовци дефинитивно може да ми подзавиди поради тоа што цело Бардовци е кај мене овдека собрано и штракнативе го имаат згрешено местото
Како што кажав наскоро почнувам најпрвин со видео обраќања од моја страна а потоа истите тие штракнати тастатурски јунаци одат и директно во етер! Следуваат многууу многууу ексклузивни новости од моја страна. Одиме јакооооооооо“

