Под падините на Плачковица, жителите од виничкото село Блатец со деноноќна народна стража и понатаму ја чуваат Блатешка река од изградба на нова мини хидроцентрала.
Откако вчерашните разговори помеѓу претставници на мештаните и Министерството за енергетика не резултирале со конкретни решенија, сега се очекува нова средба.
Но, и покрај преговорите, локалните жители не отстапуваат од нивното барање за целосно поништување на концесијата доделена од Владата.
Тие остануваат на терен и со жив штит не дозволуваат движење на градежна механизација кон локацијата, стравувајќи од еколошки и други последици.
Мнет телевизија објави видео од инцидент на протестите.

