35-годишна жена е тешко повредена откако со возило удрила во бандера во гостиварско село.
– Вчера во 07:00 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Градец, поточно во с.Дебреше, гостиварско,
патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 35-годишната А.А.Ш. од с.Дебреше, удрило во бандера, информираа од полицијата.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А.Ш., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

