Доаѓа големиот христијански празник – направете го ова, ќе влезете во пост со чиста душа!

Во недела, православните христијани ќе го одбележат празникот Прочка. Тој претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Очигледно е дека проштевањето е обичај востановен под влијание на црквата, додека огновите, гатањата, карневалите…се остатоци од претхристијанските пролетни забави.

Празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади, спаѓа во најголемите христијански празници, според некои веднаш по Божик и Велигден. Овој празник доаѓа по неколкуте зимски празници како што се: Бадник, Божик, Водици, Св. Трифун и ги поврзува со поголемиот број пролетни празници како што се: Тодорова Сабота, Летник, Св. 40 маченици (Младенци), Благовештение, Цветници, Лазарева Сабота, Велигден, Ѓурѓовден и др. Со Прочка започнуваат и долгите Велигденски пости, период исполнет со многу обичаи и верувања, со многу одречувања и надежи за пречек на Христовото воскресение (Велигден) за причесна и идентификација со Спасителот Исус Христос.

На Прочка се изведуваат богати обичаи како што се проштевањето (оттука и празникот го добил името), потоа амкањето, обредните огнови, богатата трпеза, гатањето за живот и среќа, обичаите за очистувањето од болви, вошки и други штетници итн. Очигледно е дека некои обичаи како што е на пр. проштевањето имаат христијанска основа, додека другите се остатоци од претхристијанските пролетни празнувања.

Што треба да се прави на Прочка

Барање и давање прошка: Помладите бараат прошка од постарите, а верниците меѓусебно си простуваат, симболично прочистувајќи ја својата душа.

Подготовка на традиционална храна: На трпезата се служат јадења како сирење, јајца и млечни производи (Сиропусна недела). Вечерата често завршува со обичајот „амкање јајца“, што е омилена традиција за децата.

Учествување во традиционални обичаи: Маскирањето и веселбите се дел од културното наследство кое треба да се почитува.

Што не треба да се прави на Прочка

Извршување тешки домашни работи: Овој ден треба да се помине во спокој и семејна атмосфера.

Одбивање прошка: Доколку некој не е подготвен искрено да прости, се советува да каже „Господ ќе прости“.

Предизвикување конфликти: Ова е ден на мир и хармонија, па затоа кавгите и негативната енергија треба да се избегнуваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде