Детали за драмата синоќа во Тетово: Спречен вооружен напад, па потера по 15-годишник – уапсени мајката и сестрата!

Фото: Илустрација

Тетовската полиција синоќа била на нозе по серија инциденти кои вклучуваат обид за вооружен напад во центарот на градот и потера по 15-годишник осомничен за претепување на сосед во селото Гајре.

Според информациите објавени од локалните медиуми, безбедносните сили успеале да спречат поголем инцидент, додека паралелно се трага по бегалец во околните населени места.

Полициските сили привремено го блокирале главниот пат во близина на кружниот тек познат како „Мема“, при што биле преземени засилени безбедносни мерки и контроли во поширокото подрачје.

Според информациите, паралелно со овој настан, малолетник на околу 15 години од тетовското село Гајре, кој и претходно бил осомничен за убиство минатата година во кое биле повредени четири лица, физички нападнал свој сосед во кафеана во селото.

По инцидентот, осомничениот избегал од местото на настанот, по што полициски патроли започнале потера и интензивна потрага низ селото Гајре и поширокото тетовско подрачје.

Како резултат на полициската акција, приведени се две лица – мајката и сестрата на осомничениот, додека тој засега е во бегство.

Двете приведени жени се пренесени во болница на лекарски преглед, по што се очекува да бидат задржани во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Полицијата продолжува со активностите за пронаоѓање на осомничениот, а од МВР најавуваат дополнителни информации во текот на денот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде