Сообраќајна несреќа утрово – полицијата е на терен

На автопатот од Скопје кон Велес, кај првиот тунел, се случи сообраќајна несреќа која предизвика оштетување на едно патничко возило.

На терен моментално се присутни полициски екипи кои го обезбедуваат местото на настанот и го регулираат сообраќајот.

Според очевидци, засега нема официјални информации дали има повредени лица, а сообраќајот во овој дел се одвива со забавено темпо.

Возачите се повикуваат на зголемена внимателност, строго прилагодување на брзината кон условите на патот и одржување на безбедна дистанца.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде