УДАРНА ВЕСТ: Утрово уапсен Артан Груби

Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, објави Нетпрес.

Поранешниот прв вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.

Груби како раководител на владината седница го одобрил барањето за ВЛТ апаратите иако знаел дека јавната набавка е незаконска и дека лотарија нема право самостојно да организира електронски игри на среќа.

Но тоа не е единствениот криминал во Лотарија. Ревизијата покажа дека над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра спорна, невалидна или неуредна документација оставиле Бајрами и Груби во Лотарија.

Со Одлука на влада со која раководел Груби се отуѓи државно земјиште на фирмата на сопругата на Ковачевски за изградба на фотоволтаици по цена од 70 денари за м2

Груби од 9 декември 2024 е на Црна листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.

Извор: Нетпрес

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде