НОВИ ДЕТАЛИ за апсењето на Артан Груби – се огласи и МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека утрово, во 06:10 часот, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби се појавил на граничниот премин „Блаце“, по што бил веднаш лишен од слобода и приведен за понатамошно постапување, јави Тв Алсат М.

– На Артан Груби му е изречена мерка „апсење“. Предметното лице е лишено од слобода за понатамошни дејствија“, се вели во соопштението на МВР.

Груби е под истрага поврзана со сомневања за злоупотреба на службена положба, корупција и прекршување на процедурите за јавни набавки, во контекст на случај поврзан со функционирањето и договорите на Државната лотарија на Република Македонија.

Според обвинителството, истрагите се однесуваат на одлуки и договори за кои постои сомневање дека предизвикале значителна финансиска штета на буџетот на институцијата, проценета на 500 милиони денари или над 8 милиони евра. Обвинителството тврди дека одредени економски субјекти биле фаворизирани преку спорните постапки.

Груби од 9 декември 2024 година се наоѓа и на Црната листа на САД поради „вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде