Страотна сообраќајка помеѓу пет возила на автопатот „Гоце Делчев“

Сообраќајна несреќа се случила на автопатот Штип – Миладиновци, во која учествувале пет возила, а сообраќајот се одвива по една лента.

Според првичните информации, во судирот биле вклучени автомобили „Опел“ и „Цитроен“ со штипски регистарски ознаки, како и две возила „Сеат“ со скопски ознаки и едно „Голф“.

На возилата им е причинета значителна материјална штета.

Засега нема официјални информации за состојбата на возачите и патниците.

Повеќе детали се очекуваат во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде