Земјотрес со јачина од 5,6 степени е регистриран денеска во близина на бреговите на североисточниот округ на Тајван – Илан, соопшти локалната сеизмолошка служба.
Засега нема информации за штети.
Потресот накратко ги затресол и зградите во главниот град Тајпеј, јавија локалните медиуми.
Земјотресот се случил на длабочина од 66 километри, соопшти тајванската сеизмолошка служба.

