Нов земјотрес ја стресе Македонија – еве каде е епицетанрот

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во Албанија.

Потресот бил почувствуван и во повеќе градови во западниот дел на Македонија, меѓу кои Дебар, Струга и Охрид.

Според информациите, земјотресот се случил на 24 февруари 2026 година околу 20 часот, со епицентар во близина на Елбасан.

Географските координати на епицентарот се 40,99 северна географска ширина и 19,75 источна географска должина.

Податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 10 километри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде