Тешка сообраќајна несреќа утрово се случи на улицата „Востаничка“ кај маркетот „Рептил“ во скопската населба Црниче,
во која учествуваа две возила од кои едното е такси, објави Слободен печат.
Од фотографиите што ги доби „Слободен печат“ од граѓани, може да се види дека од силината на ударот, такси возилото се забило во скалите од маркетот кој се наоѓа до самата улица.
Засега нема информации за повредени во несреќата.

Фото: Слободен печат

