Страотна несреќа помеѓу мопед и товарно возило

Фотo: Илустрација

Доцна синоќа во 01:35 часот на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во село Турново, општина Босилово, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед без регистарски ознаки и товарно возило „Ивеко“ со полуприколка со струмички регистарски ознаки.

Како што информираат од СВР Струмица, мопедот бил управуван од И.Ј.(45) од село Бориево, додека товарното возило го управувал В.Г.(64) од Струмица.

По незгодата, возачот на товарното возило не застанал на местото на настанот, но по преземени мерки бил сопрен од полициски службеник.

Според информациите од струмичката болница, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица. Се работи на целосно расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде