Две нови имиња се очекува да станат дел од Владата.
Дритон Сулејмани и Адмир Шабани се предложени за функциите заменик-министри, позиции резервирани за коалицијата ВЛЕН, кои останаа празни по излегувањето на Алијанса за Албанците – крилото на Таравари од Владата.
Портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани, се очекува да биде именуван за заменик-министер за образование и наука, додека поранешниот портпарол на Државната изборна комисија Адмир Шабани, се очекува да стане заменик-министер за одбрана.
Двајцата за ТВ21 потврдија дека Владата ги предложила нивните имиња за заменик-министри и се очекува да бидат изгласани во среда.

