Трагедија се случи во српскиот град Краљево. Српските медиуми информираат дека 56-годишен маж ја уби својата сопруга (50) во нивниот заеднички дом, па си го одзема животот.
Првичните, засега неофицијални информации, се дека пред да ја убие сопругата, мажот физички ја нападнал и својата 79-годишна мајка, нанесувајќи ѝ повреди.
Состојбата на повредената жена засега не е целосно позната, но се претпоставува дека е надвор од животна опасност.
Полицијата по трагедијата го блокираше пристапот до куќата, а на местото на настанот пристигнаа екипи за итни случаи.
Истрагата ќе ги утврди мотивите што довеле до ова злосторство, како и дали претходно имало пријави за насилство во ова семејство.

