Оваа општина ќе им дава на младите по 10.000 денари за полагање за возачка

Општина Ѓорче Петров донесе одлична мерка, односно одлука да доделува 10.000 ДЕНАРИ ЗА МЛАДИТЕ ВОЗАЧИ.

– Реализираме уште едно предизборно ветување, Советот на Општина Ѓорче Петров донесе одлука со која директно инвестираме во младите, соопшти градоначалникот Александар Стојкоски.

Со оваа одлука, општината обезбедува субвенција од 10.000 денари за дел од трошоците за полагање возачки испит – Б категорија, за млади лица од 18 до 25 години.

– Ова не е само финансиска поддршка. Ова е вложување во нивната самостојност, мобилност и сигурна иднина. Исполнуваме ветување, даваме конкретна помош, создаваме можности. Во време кога секој трошок е значаен, Општината застанува рамо до рамо со младите, истакна градоначалникот.

– Продолжуваме со политики што носат реална поддршка и вистинска грижа. Ѓорче Петров инвестира во својата иднина – во младите, додаде Стојкоски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде