Се појави ново видео од Црна Гора: Повторно се појавија компромитирачки снимки од поранешна функционерка

Нов скандал ја потресе јавноста во Црна Гора откако на социјалните мрежи повторно почнаа да се споделуваат компромитирачки снимки за кои се тврди дека на нив се појавува поранешната државна секретарка Мирјана Пајковиќ.

Случајот повторно привлече големо медиумско внимание во регионот, бидејќи станува збор за личност која до неодамна извршувала висока државна функција во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора.

Според пишувањата на српските медиуми, снимките што кружат на интернет наводно се направени во приватни услови, а дел од нив повторно почнале да се споделуваат на социјалните мрежи. Во јавноста се појавија и различни шпекулации за идентитетот на лицето кое се појавува заедно со неа во видеата.

Во дел од медиумските извештаи се споменува и можност за поврзаност со криминалната група позната како Кавачки клан, но за ваквите тврдења засега нема официјална потврда од надлежните институции.

Ова не е првпат името на Пајковиќ да се најде во центарот на медиумски скандал. Претходно во јавноста се појавија снимки во кои наводно се гледа и поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора, Дејан Вукшиќ.

По избувнувањето на аферата, случајот предизвика силни политички реакции и големо внимание во медиумите во регионот. Дел од јавноста побара институциите да утврдат дали постојат евентуални злоупотреби или безбедносни ризици поврзани со случајот.

Засега нема официјални информации дали надлежните органи во Црна Гора водат формална истрага во врска со новите снимки кои повторно се појавија во јавноста.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде