Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала – eве каде е епицентарот

Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Камчатка во Русија, а според првичните информации, нема извештаи за штети или закана од цунами.

Земјотрес со јачина помеѓу 5,8 и 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот брег на рускиот полуостров Камчатка.

Според најновите податоци од сеизмолозите, епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, во близина на регионот Камчатка. Силни потреси биле регистрирани од сеизмички инструменти.

Официјално потврдената магнитуда била помеѓу 5,8 и 6,0, додека земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 40 километри, приближно 235 километри од градот Петропавловск-Камчатски, објавија претставници на геофизичката служба.

Во исто време, надлежните служби не издадоа предупредување за можност за цунами бран.

Според првичните информации, нема пријавени повредени или материјална штета, а локалните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата.

Камчатка се наоѓа во една од сеизмички најактивните зони во светот, на границата на тектонските плочи на Пацификот и Охотската плоча, поради што земјотресите со среден интензитет во овој регион се релативно чести.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде