Информацијата ја пренесе Секојдневието Во Штип
Утринава околу 09:00 часот, при интервенција на полициски службеници пред угостителски објект во Штип, познат како кафана „Јастра“, едно лице извршило напад врз полициски службеник.
Полицискиот службеник се здобил со повреди и е хоспитализиран во Клиничка болница Штип, каде му се укажува медицинска помош.
Во врска со настанот, едно лице е приведено, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Според првичните информации приведеното лице е претходен осуденик.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот, стои во објавата.

