Тешка сообраќајна несреќа – четири лица пренесени во болница

На 9 март 2026 година, околу 01:00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Ржаничино и Таор, во скопскиот регион, се случила сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило „Alfa Romeo“ со скопски регистарски ознаки.

Според првичните информации од полицијата, возилото било управувано од 17-годишен малолетник од селото Орешани, при што во еден момент изгубил контрола над автомобилот и излетал надвор од коловозот.

Во незгодата повреди здобиле возачот, како и уште тројца сопатници – двајца малолетници на возраст од 17 години и едно 17-годишно девојче, како и сопатникот Б.Г. (21).

Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани телесни повреди.

На местото на несреќата извршен бил увид од страна на полициски екипи, а се работи на целосно расчистување на околностите под кои се случила сообраќајната незгода.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде