Британскиот рапер и продуцент Dot Rotten почина на 37-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство за BBC, а според информациите музичарот починал во Гамбија.
Неговото вистинско име е Џозеф Елиф Стивенсон. Роден и израснат во Јужен Лондон, тој почнал да создава музика уште како дете и брзо станал едно од најпрепознатливите имиња на раната британска грајм сцена.
Елис-Стивенсон го издаде својот дебитантски микстејп „This Is the Beginning“ во 2007 година, кога сè уште бил тинејџер. Набрзо се етаблира како еден од највлијателните битмејкери во жанрот со инструментали како „Petrol Bomb“ и „Bazooka“, кои ги користеа бројни MC изведувачи. Во текот на кариерата ја објави и популарната серија „Rotten Riddims“, составена од неколку тома инструментали и микстејпови.
Покрај продукцијата, Дот Ротен беше активен и како рапер, познат по својот директен и често конфронтациски стил. Во различни периоди од кариерата имаше јавни музички конфликти со артисти како Wiley, P Money, JME и Stormzy – нешто што е честа појава во grime културата.
Во 2011 година потпиша договор со Mercury Records, што му донесе поголема популарност. Истата година учествуваше и во проектот No.5 Collaborations Project на Ed Sheeran, како и во хуманитарниот сингл „Teardrop“, создаден за кампањата на BBC Children in Need.
Во 2012 година беше номиниран во престижната листа BBC Sound of…, која ги издвојува најперспективните нови музички таленти. Истата година го постигна и својот најголем соло успех со синглот „Overload“, кој влезе во Топ 20 на британските музички листи.
Дот Ротен зад себе остава значајно наследство во културата – и како рапер и како продуцент кој помогна во обликувањето на звукот на жанрот во изминатите две децении
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

