Пратениците го одбија предлогот за зголемување на повратот од „Мој ДДВ“

Пратениците во Собранието го одбија предлогот на пратеничката група на Левица за двојно зголемување на повратот за ДДВ од мерката „МојДДВ“.

Од 92 регистрирани пратеници, само 17 гласаа „За“ и еден беше воздржан.

Според Левица, првата измена на законот предвидуваше двојно зголемување на повратот на ДДВ за граѓаните на тромесечје преку системот „Мој ДДВ“ и зголемување на процентот на поврат преку апликацијата „Мој ДДВ“:

од 20% на 40% за македонски производи и од 10% на 20% за останатите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде