Маж претепан од сопругата со тврди предмети

Од Министерството за внатершни работи денеска информираа за 14 пријави за семејно насилство во последното деноноќие.

Во најголемиот број случаи жртви се жени, но регистриран е и случај во кој настрадал маж. 

Како што информираа од полицијата, вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријавил дека околу 07:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга. 

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветна пријава, потенцираат од МВР.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде