Блокиран сообраќајот на овој патен правец, надлежните на терен

Надлежните екпи на Град Скопје веднаш излегоа на терен по сообраќајната несреќа на на булеварот „Александар Македонски“ со цел да се санира настанатата штета и да се нормализира сообраќајот. 

Во несреќата камион со скопски регистарски таблички удри во семафор, а едно лице учесник во сообраќајот беше повредено. 

Од Град Скопје известуваат дека екипите се ангажирани на отстранување на оштетената сообраќајна сигнализација и на враќање на локацијата во првобитна состојба, со цел што побрзо да се воспостави безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

– Ја информираме јавноста дека трошоците за санација и повторно поставување на сообраќајната сигнализација ќе бидат фактурирани на товар на причинителот на штетата, согласно важечките прописи, соопштија од Град Скопје. 

Министерството за внатрешни работи е на терен, а увидот за утврдување на околностите под кои се случил настанот е во тек.

Од Град Скопје упатија апел до возачите за трпение и внимателно движење додека целосно не се расчисти коловозот и сообраќајот не се нормализира. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде