Тело на женско лице денеска околу 11 часот било извадено од водите на реката Вардар во близина на мостот кај Стадионот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека телото било извлечено од полициски службеници од СВР Скопје.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, додека увидот на местото на настанот е во тек.
Случајот се случил на кејот на Вардар, во близина на болницата „Систина“, а околностите под кои лицето завршило во реката засега не се познати.
Надлежните институции работат на утврдување на сите детали поврзани со настанот

