Следува промена на времето – ЕВЕ КОГА

Сончево и релативно топло време со мала локална облачност се очекува денеска во земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринските температури ќе се движат во интервал од -4 до 3 степени, додека дневните ќе достигнат од 15 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1 степен, а максималната ќе достигне околу 20 степени.

Стабилното и претежно сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. За време на викендот и во првите денови од следната седмица се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде