Силни експлозии го потресоа Дубаи утрово, а густ црн чад покри делови од финансискиот кварт на градот по пожарот во индустриска зона, соопштија локалните власти.
Пожарот избувнал во квартот Ал Куоз, а според Асошиејтед Прес, многу минувачи застанале да го гледаат огромниот столб од чад што се издига над градот.
На новинар на АП не му било дозволено да се приближи до местото на пожарот, кој бил на улица без излез.
Службата за медиуми на владата на Дубаи соопшти на социјалните мрежи дека инцидентот се случил откако фрагменти од пресретната ракета паднале врз зграда во центарот на градот.
🇮🇷🇦🇪🇺🇸⚡️BREAKING: The International Financial Centre in Dubai has just been struck by Iranian drone. pic.twitter.com/aGJTAvbM3S
— MonitorX (@MonitorX99800) March 13, 2026

