Доцна синоќа, во скопската населба Чаир, се случи тешка сообраќајна несреќа со смртни последици, при што животот го загуби мотоциклист.
Според првичните информации, несреќата се случила под засега неразјаснети околности, а ударот бил со голем интензитет.
Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на местото на несреќата.
Екипите на Итната медицинска помош, кои веднаш пристигнале на терен, само ја констатирале смртта.
Надлежните служби извршија увид, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

